Убавините на Струга промовирани во Софија

 Убавините на Струга промовирани во Софија

Општина Струга учествуваше на Саемот за туризам во Софија, како дел од проектот ToCoulter, каде што преставници од Општина Струга ги промовираа туристички вредности и капацитети на градот.Посетителите на саемот како и другите преставници на саемот изразија голем интерес за посетyвање на нашиот град.Воодушевени од убавините на Струга, кои иако проследени преку промотивни и визуелни материјали, оставија таков впечаток што посетителите изразија желба да нè посетат што поскоро.Саемот за туризам „Експо 2020“ се одржа од 13 до 15 февруари.

Kанцеларија за односи со јавноста,Општина Струга

>
>