Убиец на коронавирусот: Австријците тврдат дека измислиле спреј за уста кој го неутрализира вирусот

 Убиец на коронавирусот: Австријците тврдат дека измислиле спреј за уста кој го неутрализира вирусот

Во последните неколку месеци во лабораторијата на медицинскиот факултет во Инсбрук биле тестирани повеќе видови на спрејови. Вилфред Пош од Институтот за хигиена и медицинска микробиологија изјави дека за време на тестирањата, спрејот се распрскува директно врз вирусот.

Откако вирусот одредено време бил изложен на спрејот, потоа се дава на човечките клетки и се проверува дали дошло до зараза. Од тоа било заклучено дека спрејот на „Окопур“ има одлични резултати.

„Ако го пуштите спрејот да делува до минута, може да се види високо намалување на заразеноста. Забележавме случај и со ефикасност од 100%“, изјави Пош за тамошните медиуми.

Тоа значи дека тиролскиот спреј би можел да се користи за создавање на заштитен слој против коронавирусот, па би можел да ги заштити луѓето во ситуации кои не може да се избегнат, како што е возење во јавен превоз и слично.

Спрејот не може да се користи како лек, туку само како превентива и намалување на ризикот од заразата.

>
>