Убиен е црногорски мафијаш во подметната бомба под автомобил

Убиен е црногорски мафијаш во подметната бомба под автомобил

Ѓорѓије Божовиќ од Подгорица, познат и како член на мафијашки клан загина синоќа во експлозија на бомба поставена во автомобил. Експлозијата била толку силна што делови метал летале на стотина метри во околината а при тоа биле ранети уште две лица.

Сопственикот на автомобилот под кој бил поставена експлозивна направа, Александар Кековиќ, е пренесен во болница со тешки повреди, откако бил исфрлен од возилото по експлозијата на бомбата и пронајден во свесна состојба неколку метри понатаму.

Убиениот Божовиќ е со богато криминално досие, член на Шкаљарски клан од Котор и близок соработник на водачот на овој клан, Стеван Стаматовиќ, кој во јануари беше убиен во ресторан во Атина.

Атентатот се случи вчера околу 19 и 30 во населбата Блок 6 на улицата ,,Далматинска“ во Подгорица.

Во меѓумафијашката пресметка меѓу двата клана Шкаљарски и Кавачки, се убиени педесетина нивни припадници.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds