
Убиен српски бизнисмен – пријателите го пронашле со смачкана глава и оружје покрај телото
Убиството на 46-годишниот бизнисмен Драшко Р. кое се случи вчера попладнето во Ниш во 16 часот во една индустриска хала, жестоко го вознемири градот затоа што станува збор за човек кој бил, како што велат неговите пријатели, добар и чесен другар, а убиен бил како што велат, на ужасен начин.
Покрај неговото тело била пронајдена секира со траги од неговата крв. Постојат некои претпоставки дека убиецот не бил сам туку со повеќе луѓе.
Убиениот бизнисмен зад себе оставил сопруга и две ќерки, близначки од 12 години. Неговата брачна сопатничка, инаку воспитувачка во градинка, според пишувањата на српските медиуми е во страшен шок.
Драшко Р. неодамна го купил првиот спрат од халата за производство на градежен материјал. Тој само што започнал да работи со уште двајца соработници кои вчера после многу работа ги натерал да прекинат со работа и да одат на ручек. Кога тие се вратиле на работа, затекнале ужас.
Безживотното тело на сопственикот, крв и оружје.
Според кажувањата на полицијата и собраните новинари. ова убиство очигледно не било планирано.
-Ова не чичи на заседа или слично. Овде во халите често се краде. Се краде се, од кабли до железни материјали. Ова е мистерија засега, но изгледа дека крадецот влегол да краде, па Драшко реагирал и во конфликтот се случило убиство – рекол пријател на Драшко за Курир.рс
Форензичарите ги земале сите траги кои убијците ги оставиле зад себе со цел случајот побрзо да се расчисти.