• 26/09/2020

Убиени водачите на црногорскиот Шкаљарски клан во Атина

 Убиени водачите на црногорскиот Шкаљарски клан во Атина
loading...
Advertisement

Водачите на Шкаљарскиот клан, Игор Дедовиќ (43) и Стеван Стаматовиќ (43) се убиени вечерва во Атина. Маскирани лица пукале во нив додека со сопругите и децата седеле во ресторан. Според српски Курир, се траело 30 секудни, маскираните напаѓачи влегле во ресторанот и пукале во Дедовиќ и Стаматовиќ.

Една жена е повредена при пукањето и веднаш е пренесена во болницата во Атина, но нема информации дали се работи за сопруга на еден од убиените водачи на кланот. Според информациите на српските медиуми, во ресторанот влегле четири маскирани лица и извадиле автоматски пушки на маса на која седеле десет луѓе. По убиството, маскираните избегале со автомобил.

Грчките медиуми пак, известуваат за убиството на двајцата водачи на нарко-дилерски клан како масакр во ресторан и невидено дивеење пред голем број гости кои за малку не настрадале.

Дедовиќ го зазеде водачкото место на Шкаљарскиот клан по апсењето на Јован Вукотиќ, а имаше и издадено потерница против него за обид за двојно убиство врз Војин Ступар и Милош Радоњиќ, луѓе блиски до Кавачкиот клан во март 2016 година во Котор.

Српските истражни органи Дедовиќ го поврзуваа со шверц на тони кокаин најден во Црна Гора минатата година. Стеван Стаматовиќ пак, важеше за водач на загоричани, криминална група од Подгорица која блиску соработувала со Шкаљарскиот клан.