Ученичка со остар предмет нападнала соученик во Струга

 Ученичка со остар предмет нападнала соученик во Струга

Вчера околу 09 часот, во дворот на средното училиште „Нико Нестор“ во Струга, 19-годишна девојка од струшкото село Долно Татеши, ученичка во училиштето со остар предмет нападнала соученик (19) од Струга.

Таа е повикана на разговор во полициската станица и по целосно расчистување на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава. –  информира СВР Охрид.

x