• 20/09/2020

Ученици од Охрид ќе бидат македонски претставници на трибина во Брисел

 Ученици од Охрид ќе бидат македонски претставници на трибина во Брисел
loading...
Advertisement

Членот на Европскиот економски и социјален комитет, Роман Хакен, го посети СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ со цел да подготви делегација на студенти за трибината „Твоја Европа, Твој збор’’ за Европската младина, што ќе се одржи во март во Брисел.

Хакен ќе работи со учениците Сара Настевска, Михаела Тиковска и Стефан Јосифовски под менторство на наставникот Катерина Симјаноска.

На учениците кои ќе учествуваат од цела Европа ќе им биде поставена задача да изнесат конкретни мерки што треба да се преземат во училиштата, клубовите, при што ќе имаат можност да учествуваат во повеќе активности во Брисел. Таму ќе имат можност да ги искажат своите ставови како млади жители на Европа и да се стекнат со познавање и размена на мислења со врсниците од земји членки од Европската Унија и кандидати за членство во Унијата.

Охридското училиште е единствениот македонски претставник. Училиштата се избрани од над 400 апликанти од 28 земји-членки на ЕУ и од 5-те земји кандидатки. Основната цел на настанот е да се земат во предвид ставовите и искуствата на младите при креирањето на политиките на ЕУ.

Извор:OhridNews