УЕФА отпочна истрага против Ибрахимовиќ: Му се заканува доживотно отстранување од фудбалот

 УЕФА отпочна истрага против Ибрахимовиќ: Му се заканува доживотно отстранување од фудбалот

Ибрахимовиќ, кој пред неколку недели направи одлично дело со тоа што бараше да не се казни Црвена Звезда поради навредите на негова сметка на стадионот „Рајко Митиќ“, се наоѓа во голем проблем бидејќи УЕФА официјално отпочнала истрага.

Шведските медиуми пренесуваат дека компанијата на Златан – „Unknown AB“ поседува 10 отсто од познатата обложувалница „Bethard“ со седиште на Малта.

Во истиот текст се наведува дека Шведската фудбалска асоцијација е свесна за овој проблем веќе 3 години и дека тоа била причината поради која фудбалерот не бил повикан на Светското првенство во 2018 година.

Неговото учество во сопственост над обложувалницата би можело да го чини 3-годишна забрана за фудбал бидејќи според правилата на ФИФА и УЕФА, на играчите не им се дозволени финансиски интереси во компаниите за обложување.

Со оглед дека Ибрахимовиќ има 39 години и го продолжи договорот на уште една сезона, со евентуалната казна на УЕФА би ја завршил кариерата на контроверзен начин.

Златан станал „амбасадор“ на компанијата „Bethard“ во март 2018 година, потсетува англискиот „Sky Sport“, но дури неодамна се дознало и дека наводно е косопственик на обложувачката компанија.

Доколку се утврди дека фудбалерот има удел во обложувалницата, покрај 3-годишната суспензија ќе биде казнет и со 100 илјади швајцарски франци.

>
>