УХМР со најава за обилни врнежи

 УХМР со најава за обилни врнежи

Во следните денови ќе преовладува умерено до значително облачно време со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

– Под влијание на циклонска активност во Медитеранот и влажна воздушна маса, во недела кон крајот на денот и во понеделник врнежите ќе бидат пообилни, а на места и поројни (над 35 л/м2). Во понеделник на планините врнежите ќе бидат од снег, стои во соопштението на УХМР.

Во недела ќе дува засилен југоисточен ветер.

>
>