Украина бара итна средба со Русија во наредните 48 часа

Украина бара итна средба со Русија во наредните 48 часа

Украина побара средба со Русија во наредните 48 часа за да ги објасни своите планови додека западот ги засили предупредувањата дека руска инвазија може да се случи во секое време. Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Колеба, рече дека Москва досега ги игнорираше официјалните барања да објасни зошто распоредила толку војска на границата.

Русија постојано негира дека планира да ја нападне Украина, додека западните сили предупредуваат дека се подготвува за воена акција и голем број држави им порачаа на своите граѓани веднаш да ја напуштат Украина.

Се повеќе земји ги повикуваат своите државјани да ја напуштат Украина, поради се поизвесната инвазија од страна на Русија, а на која предупредува Америка.

Телефонски синоќа разговарале американскиот претседател Џо Бајден со украинскиот претседател Зеленски. Бајден му ветил на Зеленски дека брзо ќе одговорат во случај на руска агресија врз Украина.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds