УНЕСКО, Aдеми: Имаме проблем со општина Струга

Имаме проблем со општина Струга и затоа централната власт нема да го толерира струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, порача националниот координатор за УНЕСКО, министерот Едмонд Адеми. Општина Струга и по повеќе од три месеци од крајниот рок сè уште не се изјаснила колку дивоизградени објекти кои треба да се урнат, има на нејзина територија. А, утре во регионот доаѓаат претставници на УНЕСКО за да на видат што и како е исполнето од зададените препораки од последниот состанок лани.

„…Факт е дека имаме проблем со општина Струга. Тоа сум го кажал и порано, го кажувам и сега. Има законски основи по кои може владата да постапи и ќе постапи“, вели Едмонд Адеми-национален координатор за УНЕСКО.

И покрај тоа што Алсат неодамна објави дека на подрачјето на Струга има евидентирано точно 3.330 дивоградби, од Министерството за транспорт и врски објаснуваат дека тој податок се однесува на број на барања за легализација на дивоградби, а не регистар на дивоизградени објекти.

„Согласно Одлука на Владата, а по препорака на УНЕСКО, општина Струга има обврска да достави извештај за сите дивоградби, вклучувајќи ги и тие што се наоѓаат во заштитениот појас, но досега општина Струга нема доставено таков извештај“, наведуваат од министерството за транспорт и врски.

Минатогодишниот извештај на светската организација за заштита на природното и културно наследство, УНЕСКО, содржеше низа препораки. Нив централната и локалната власт во земјава треба да ги исполнат за охридскиот регион да не се најде во листата загрозени, а заштитени светски подрачја. Меѓу нив беа наведени и нелегално изградените објекти во заштитениот појас на езерото и во старото јадро на Охрид. Само охридската локална власт делумно урна дел од нив.

извор:Alsat M

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds