
Уништен муралот на Хабиб во Чељабинск (ВИДЕО)
Хабиб бил нацртан на муралот со препознатливата капа од папаха, а покрај него лета орел, птица по која го доби прекарот славниот ММА борец – „Орелот од Дагестан”.
Мотивот на вандалите да го сквернават муралот на Хабиб не е познат, но тоа може да биде поврзано со неговите неодамнешни коментари на Инстаграм упатени до францускиот претседател Емануел Макрон.
„Нека семоќниот го уништи лицето на ова суштество и сите негови придружници“, напиша тогаш Хабиб.
Многу познати личности кои ја означија неговата објава како „Ми се допаѓа“ биле прозвани во медиумите, а самиот Хабиб се најде под голема критика во Русија и во странство.
Извор:ipon.mm