• 10/08/2020
 Управата за извршување на санкции: Демант на изјавата на адвокатот Насер Рауфи

Управата за извршување на санкции: Демант на изјавата на адвокатот Насер Рауфи

loading...
Advertisement

Управата за извршување на санкциите сака да ја запознае пошироката јавност во Република Северна Македонија во врска со изјавата дадена од адвокатот Насер Рауфи на порталот ,,Журнал.мк, а потоа истата прифатена и од порталот ,,Курир”.

Имено ја демантираме информацијата за појава на заболени осудени и притворени лица од новиот корона вирус – COVID 19 кои се наоѓаат на издржување казна затвор и мерка притвор во казнено-поправните установи во нашата држава. Управата за извршување на санкциите веднаш по препораките на Владата од 10.03.2020 година донесе Наредба со која од 11.03.2020 се забранети контакти на осудените и притворените лица со надворешниот свет, а исто така превземени се сите мерки за одржување на високо ниво на хигиена, дезинфекција и сите достапни мерки за заштита.

Новодојдените лица се сместуваат изолирано се до моментот кога ќе се утврди дека во периодот на инкубација, не пројавиле симптоми на болеста.

Сите вработени во казнено-поправните установи исто така ги почитуваат препорачаните мерки за заштита при меѓусебните контакти и контактите со осудените и притворените лица.

Доколку во било која казнено-поправна установа се појави случај со потврдена дијагноза од овој вирус, медиумите ќе бидат известени за истото и за превземените мерки кои секако ќе бидат во согласност со препораките.

Можеби ке те интересира