
Уредување на речното корито во Лабуништа
Продолжуват проектите во Лабуништа. Денес почна да се реализира уште еден важен проект за жителите на Лабуништа.


Станува збор за чистење, уредување и бетонирање на речното корито во Лабуништа. Имено на барање на советникот Мурат Шабани во буџетот на Општина Струга за 2020 година беа предвидени финансиски средства за реализирање на овој проект.
Градоначалникот на Општина Струга г. Рамиз Мерко покрај другите реализирани проекти, става крај и на најголемата еколошка катастрофа во Лабуништа а тоа е речното корито. Проектот е финансиран целосно од Општина Струга.

