
Уште две лица од Дебар позитивни на коронавирусот
Позитивни на коронавирус се уште две лица од Дебар, кои биле во контакт со тројцата заболени, информираше министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција.
Со нив, вкупниот број заболени во моментов изнесува осум лица, со тоа што тестовите на првата пациентка веќе се негативни и ќе биде пуштена на домашно лекување.
Денеска беа тестирани вкупо 12 лица за коронавирус.