• 05/06/2020
 Уште еден позитивен на Ковид 19 во Охрид

Уште еден позитивен на Ковид 19 во Охрид

Во изминатите 24 часа направени се 462 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1 и Охрид-1. Досега во земјата се направени вкупно 21010 тестирања на ковид -19, информира Министерството за здравство.

Денеска е регистриран уште еден пациент позитивен на Ковид 19 во Охрид

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти: Скопје 8, Прилеп 2, Струга 2, Велес 2, Гостивар 1 и Кратово 1.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (79г), хоспитализирана како сомнителна на ковид-19 на 13 мај, а потврдена позитивна на 15 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1762, бројката на оздравени пациенти е 1267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397, соопшти Министерството за здравство.

Digiqole ad

Можеби ке те интересира