Уште еден земјотрес ја стресе Албанија – петти по ред од утрово

 Уште еден земјотрес ја стресе Албанија – петти по ред од утрово

Силен земјотрес попладнево ја потресе Албанија, со јачина од 4.7 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил во близина со границата со Црна Гора, меѓу Подгорица и Скадар.

Истиот се случил во 14:26 часот по локално време, и со јачина од 4,7 степени по Рихтер, на длабочина од 2 километри.

Во близина на епицентарот нема населено место, но тој се почувствувал во Скадар, Бар, Подгорица…

Овој земјотрес е петти во ова подрачје од утрово. Најсилниот утрово беше 4,2 по Рихтер во 4.20 часот.

>
>