Уште едно во низата масовни труења на животни

Уште едно во низата масовни труења на животни

Новата година во Охрид започна крајно нецивилизирано, со уште едно во низата масовни труења на животни. Овој пат на улицата “Гоце Делчев”, каде викендов во најголеми маки умреа повеќе улични кучиња, но и домашни миленици.

Монструозниот и крајно нецивилизациски и нечовечен чин, очигледно планиран, е изведен со цел позната само на сторителот. Во храна тој расфрлал силен отров против кој беспомошните живи битија немале никакви шанси. Залудни беа напорите на хуманите охриѓани и љубители на животните, бидејќи на недолжните животни немале никаква шанса да преживеат.

Љубителите на животни апелираат до граѓаните да ги згрижат своите миленици и да не ги пуштаат надвор, бидејќи растурениот отров е исклучително смртоносен.

Ова ли е градот на цивилизациите, културата и  УНЕСКО прашуваат охриѓани. Тие директно го вперуваат прстот кон надлежните институции, инспекциските служби, градот, полицијата, обвинителството од кои бараат конечно да се одважат и да спроведат темелна истрага, да ги пронајдат и да ги изведат пред лицето на правдата сторителите на овој грозоморен чин. Ако имаат барем малку чувство за одговорност.

Г. М.

Извор:OhridNews