Уштипци полнети со кашкавал: Вечера за целото семејство!

 Уштипци полнети со кашкавал: Вечера за целото семејство!

Послужете ги топли со нешто сувомеснато и со омилениот млечен производ

Состојки:
  • 1 јајце
  • 150 г брашно
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • 1 прстофат сол
  • 125 мл млеко
  • 125 г кашкавал
  • масло за пржење

Во подлабок сад сипете брашно, додајте прашок за печиво, сол и измешајте. Направете вдлабнатина во средината, додајте изматено јајце, 4 лажици млеко и измешајте. Потоа, сипете го преостанатото млеко и замесете погусто тесто.

Додајте рендан кашкавал и сето тоа измешајте го. Земајте по малку од смесата, со дланки формирајте топчиња, сплескајте ги малку и пржете ги на загреано масло. Ставајте ги на кујнска хартија за да се исцедат вишокот маснотии.

Уштипците послужете ги топли.

>
>