Успех на охридските гимназијалци на натпреварот „Ноември-месец на науката“

Успех на охридските гимназијалци на натпреварот „Ноември-месец на науката“

Во рамки на манифестацијата “Ноември-месец на науката” која секоја година традиционално се одржува во зградата на Природно-математички факултет во Скопје, на 30 Ноември се одржа натпревар во експерименти за учениците од средно образование од областа на природните науки, на кој учениците од охридската Гимназија забележаа одлични резултати..

Од областа на Биологијаученичката Дарија Крлевска од I год. ја освои првата награда под менторство на професор Николина Трпоска. Втората награда ја освои ученичката Викторија Војдиноска од II година под менторство на професор Николина Трпоска. Третата награда од областа на Биологија ја освои ученикот Огнен Секулоски од III година под менторство на професор Марија Питошеска.

Од областа на Георгафија трето место освои ученичката Анамари Крстевска од III година под менторство на професор Менка Ѓореска.

Исто така на настанот учествуваа и ученици во слободни активности од областа на Биологија кои се здобија со сертификати за учество на настанот, информираат од средното училиште „Св. Климент Охридски“.

Извор:OhridNews