Усвоени извештаите за работа на општинските сектори и училиштата

 Усвоени извештаите за работа на општинските сектори и училиштата

Со дневен ред од 65 точки, дополнет со уште три нови, вчера се оддржа четириесетттата седница на Советот на Општина Охрид.

Во најголем број точките од дневниот ред се однеуваа на усвојување на извештаи за работата на општинските сектори и одделенија, јавните претпријатија, училиштата и Територијалната противпожарна единица. Сите точки на дневниот ред беа усвоени, освен дополнителните, кои се однесуваа на предлозите за изработка на локална урбанистичка планска документација во КО Долно Лакочереј и одлуката за времен прекин на постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти и начинот на спроведување на постојните урбанистички планови.

Извор:OhridNews

>
>