Утре без струја повеќе делови на Струга

 Утре без струја повеќе делови на Струга

Екипите на Електродистрибуција во четврток, 25.02.2021, ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на жителите од територијата на КЕЦ Струга.

Поради реализација на тие зафати, прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има од 08:45 до 15:00 во дел од ул. Партизанска, у.л Туристичка, новата населба позади Дијализа, Хотел Мираж, Евро Хотел, сите деловни објекти покрај езерото од хотел Мираж до Езерски Лозја, Бензинска Сотир, Школо Јахја Кемал, Подгорка, Камп АС, Колектор Сатеска, ФОН Факултет.

Со почит, Електродистрибуција

>
>