Утре на подрачјето на Струга и Охрид ќе започне најголемата НАТО вежбата за цивилна заштита „Северна Македонија 2021

 Утре на подрачјето на Струга и Охрид ќе започне најголемата НАТО вежбата за цивилна заштита „Северна Македонија 2021

Вежбата „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021“ во организација на НАТО Евроатлантскиот Центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центар за управување со кризи (ЦУК) се реализира  во периодот од 20 – 24 септември 2021 година на подрачјето на Охрид и Струга.

Ова е прва цивилна НАТО вежба во Република Северна Македонија, којашто заради состојбата со пандемијата од „Ковид 19“ истовремено ќе се одвива и теренски и штабно, а Центарот за управување со кризи (ЦУК) ќе биде домаќин, односно организатор на сите активности поврзани со вежбата, заедно со надлежните институции коишто се дел од Системот за управување со кризи.

Вклученоста во претстојната НАТО вежба претставува одлична можност за поддршка на националните власти и градење на капацитетите преку подобрување на готовноста при природни катастрофи и катастрофи предизивикани од човек, подобрување на планирањето, превенцијата и одговорот, со што би се зајакнале националните капацитети за одговор при итни ситуации.

Во склоп на вежбата ќе бидат организиран наученВИП симпозиум во траеење од два дена, каде што ќе се одвива дискусија помеѓу високи претставници од НАТО, членките на НАТО, државите – партнери, меѓународните организации и НВО. Макисмална бројка на учесници ќе биде 50 лица при што ќе има можност и за видео емитување.

Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан кој инволвира повеќе од 700 учесници од земјава и странство во којашто, покрај Република Северна Македонија, учествуваат 27 земји и е прва НАТО вежба во Република Северна Македонија од ваков размер.

Сценариото за вежбата се базира на урбани операции за: пребарување и спасување, планинска потрага и спасување, одговор на поплави, одговор на хемиски, биолошки или радиолошки инциденти и кампањи за лажни вести што ќе влијаат на цивилното население и критичната инфраструктура во областа околу градовите Охрид и Струга.

СЦЕНАРИО

1. На 18 септември 2021 година во 11 часот и 03 минути по локално време, силен земјотрес со јачина од 8,2 степена, според Рихтеровата скала (длабочина од 5 километри) ја погодува поширока област на градот Охрид во општина Охрид, Република Северна Македонија. Епицентарот се наоѓа во Охридско Езеро (41 ° 02’14 ”N 20 ° 43’08” E). Ефектите од земјотресот се почувствувани и во соседните општини, како и во главниот град Скопје.

2. Првичните извештаи покажуваат дека голем број стари станбени згради се тешко оштетени или целосно срушени. Многумина се повредени, а бројот на жртви се уште не е познат. Населението во погодената област одбива да се врати во своите домови од страв од можни дополнителни последователни потреси („афтер шокови“)

3. Како последица на земјотресот, има ненадејна промена на нивото на водата во Охридското езеро со бранови високи до 7 метри. Најмалку една населба е поплавена, а езерото е полно со рушевини. Затоа, постои ризик од контаминација. Охридското Езеро е главниот водовод на градот; се шират гласини за можна контаминација, а со тоа и активности за контрола на квалитетот на водата се неопходни.

4. Електричната и водната инфраструктура се сериозно оштетени, но патната и телекомуникациската инфраструктура има претрпено само мала штета од свлечиштата.

5. Банките мораа да затворат, а банкоматите се надвор од функција поради прекини во електричното напојување во Охрид и Струга. Некои (социјални) медиуми објавија лажни вести за сајбер-напади врз банките, а исто така се шират гласини дека целиот банкарски систем во Република Северна Македонија пропадна. Големи групи на граѓани се собраа пред банките на неколку локации во Охрид. Банкоматите се ограбени и уништени.

6. Тешки штети се пријавени во поширокото подрачје на Општина Струга, лоцирано на 12 километри северно од епицентарот. Неофицијалните извештаи укажуваат дека индустриската зона во Струга претрпела голема штета, веројатно со голем број на жртви.

7. Медиумите наведуваат дека земјотресот предизвикал серија несреќи во голема фабрика лоцирана помеѓу двате погодени општини. Бидејќи катастрофата се случи во текот на работното време, непознат број работници недостасуваат или се водат како исчезнати. Дополнително, постојат извештаи за истекување хемикалии и пожари со чудни мириси што се шират во близина на фабриката.

8. Дополнително, официјални претставници на хидроцентралата, на едно од акумулационите езера во близина од погодените општини, пријавуваат структурни оштетувања на мост и можни жртви во рибарската населба.

9. Авион, што бил на извидувачка на извидничка задача, изгубил контрола и се урнал во планините во околината на Охрид.

10. Дел од меѓународна шверцерска група од Република Северна Македонија ја злоупотребила ситуацијата во регионот да воспостави нова балканска рута за илегален транзит на мигранти, преку Охрид и Струга, со ЕУ – земји, како нивна крајна дестинација.

11. Домашните ресурси главно се фокусирани на спасувачките активности во охридската станбена област.

12. Заради сериозноста на последиците и ситуацијата на терен, властите на Република Северна Македонија најверојатно ќе поднесат барање за меѓународна помош преку НАТО Евроатлантскиот Центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC).

ЦЕЛИ НА ВЕЖБАТА:

    Поддршка на институциите на Република Северна Македонија во градењето отпорност преку подобрена подготвеност за катастрофи, планирање, превенција, одговор и зајакнување на нивната способност за управување во итни случаи.

1.     Можност на засегнатите страни, во сите нивоа, за тестирање и потврдување на конкретни планови, процедури и способности за управување и справување со кризи, бидејќи вежбите играат витална улога и во националната и во меѓународната подготвеност. Оваа вежба, исто така, обезбедува одлична можност да се идентификуваат недостатоците и да се потенцираат областите што бараат понатамошно подобрување.

2.     Национално сертифицирање и операционализација од Република Северна Македонија за Следната генерација Команден систем за инциденти (NICS), развиен од програмата на НАТО за „Наука за мир и безбедност“.

3.     Вежбање на модалитетите и практичните импликации на Меморандумот за соработка за олеснување на виталниот цивилен прекуграничен транспорт.

4.     Подобрување на нивото на интероперабилност на декларираните состави и извежбување со институциите кои се во Системот за управување со кризина државата

5.     Градење на подготвеност и меѓусебна оперативна синхронизираност помеѓу институциите низ широк спектар на симултани операции, што се изведуваат во повеќе зони.  

x