Утре снег а за викендот драстична промена

 Утре снег а за викендот драстична промена

Утре четврток на планините во западните делови ќе има услови за повремен снег. Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег со променлив интензитет.

Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Поради јужното воздушно струење ќе има пораст на утринските и дневните температури, што ќе предизвика побрзо топење на снегот. 

>
>