Утре вечер муслиманите ќе ја слават светата ноќ Мираџ (Лејлетул Мираџ)

 Утре вечер муслиманите ќе ја слават светата ноќ Мираџ (Лејлетул Мираџ)

Муслиманите утре вечер ќе ја слават ноќта Мираџ (Лејлетул Мираџ), вознесението на божјиот пратеник Хазрети Мухаммед с.а.в.с. во небесата, кон возвишените светови и божјото спокојство

Утре вечер муслиманите ќе ја слават светата ноќ Мираџ (Лејлетул Мираџ) која во исламскиот свет се прифаќа како „вознесение кон Аллах  и прочистување“.

Лејлетул Мираџ се совпаѓа со 27’мата ноќ од месецот Реџеп, првиот месец од „трите свети месеци“.

Според исламското верување, божјиот пратеник Хазрети Мухаммед с.а.в.с. ноќта на Мираџ на покана на Аллах заедно и со Џебраил Алејхиселам кој го предводел во ова патување од Месџид-и Харам патувал за Месџид-и Акса, а оттаму се вознел на небесата, кон возвишените светови и божјото спокојство. На ова патување  божјиот пратеник Мухамед с.а.в.с. патувал качен на крилестото животно наречено „Бурак“.

Клањањето намаз пет пати на ден им беше поставено на муслиманите за фарз (строга должност) на ноќта Мираџ, а беше дадена и радосната вест дека оној кој не признава друг Бог освен Аллах џ.ш., односно оној кој не му препишува здруженик на Аллах џ.ш. ќе оди во рајот и на светата ноќ Мираџ (Лејлетул Мираџ) беа објавени последните два ајети на сурата Бакара кои почнуваат со „Аменеррасулу“.

Освен тоа, на оваа ноќ, севишниот Аллах џ.ш. му објави на божјиот пратеник Мухамед с.а.в.с. 12 наредби (заповеди) со кои се има за цел да се одбранат правото на човекот на живот,  неговата чест и гордост, спокојството на општеството и да се обезбеди довербата.

Генералната дирекција за верски услуги при Претседателството за верски прашања, по повод одбележувањето на светата ноќ Мираџ (Лејлетул Мираџ) утре вечер ќе организира различни манифестации.

>
>