• 28/09/2020

Утринава земјотрес почувствуван во Струмица и Валандово

 Утринава земјотрес почувствуван во Струмица и Валандово
loading...
Advertisement

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и во Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 7.26 часот регистрираше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа на 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица.

– Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда од 2,6 степени, а беше почувствуван од населението во Струмица, Валандово и околината, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала – се вели во соопштението.

Извор:skopje24.mk