Утрово два нови силни земјотреси во Хрватска

 Утрово два нови силни земјотреси во Хрватска

Централна Хрватска рано утрово беше погодена од два нови силни земјотреси со епицентар во областа Петриња, со интензитет од 4,7 и 4, 8 степени според Рихтеровата скала.

– Земјотресот во 6:15 часот беше со интензитет од 4,7 степени, а малку подоцна и нов од 4,8 степени со епицентар во областа Петриња, изјави Инес Иванчиќ, раководител на сеизмолошката служба за Хрватското радио.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави синоќа дека биле обезбедени речиси 16 милиони евра помош по разорниот земјотрес во Петриња и изрази сочувство до семејствата на жртвите.

– По големиот земјотрес, во име на владата, сакам да изразам жалење и сочувство до сите што изгубија некого во земјотресот, рече премиерот по состанокот на владиниот кабинет, пренесува Индекс.хр.

Пленковиќ посочи дека се обезбедени 120 милиони куни помош, од кои 100 милиони за округот Сисак, 10 милиони за округот Загреб и додаде дека ова е само почеток.

– Исто така се согласивме каква помош ќе побараме од ЕУ. Комесарот задолжен за такви ситуации доаѓа утре. Гледам дека има голем интерес за помош, ви благодарам на сите, но би рекол дека помошта се дистрибуира и дистрибуира правилно, рече Пленковиќ.

Тој додаде дека тоа се прави со помош на Црвениот крст, кој веќе отвори сметка за помош на областите погодени од земјотресот, а Владата денеска ќе донесе одлука за тоа.