
Утрово земјотрес со интензитет од 3.3 степени, беше почувствуван и во Струга
– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово на 11.5.2020 година во 05:09 часот, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 114 km југозападно од Скопје, и потекнува од Охридското епицентрално подрачје. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.4, а беше почувствуван од населението во Охрид, Струга и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, стои во официјалното известување од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Извор: EMSC