Ужас во Србија: Ѕверски го мачеле, му ги отсекле ушите и носот, а потоа продолжиле со иживувањето- Веља и Маре делови од телото изнесувале во торби и кеси

 Ужас во Србија: Ѕверски го мачеле, му ги отсекле ушите и носот, а потоа продолжиле со иживувањето- Веља и Маре делови од телото изнесувале во торби и кеси

Членот на бандата „Пинк Пантери“, Милан Лепоја, бил брутално измачуван во хорор куќа во Ритопек цели 24 часа, а неговото распарчено тело во неколку наврати било изнесувано од таму со автомобил „Опел Астра“.

Како што дознава Курир, последните детали од истрагата откриваат дека ден пред неговото исчезнување на 9 декември, околу 19 часот, кај Веља Невоља и неговата десна рака, осомничениот Марко Миjковиќ Маре, дошле кај куќа

„Откако го намамиле Лепоја да дојде во Ниш и да се најде со осомничениот Дејан Тешиќ, тој со автомобил „пасат“ кој бил во сопственост на Мијковиќ, го одвел до куќата. Цели 24 часа траело неговото мачење. Му ги отсекле ушите и носот, а потоа продолжиле да се изживуваат и му ги отсекле и нозете и рацете, му ги ваделе очите за на крајот да му ја отсечат и главата“ открива извор за Куриср.рс.

Следниот ден, кога завршиле со монструозната тортура врз Лепоја, за кого, наводно, се сомневаа дека е близок до спротивниот клан Скаjarар и дека тој имал намера со нив да го преземе подземјето на Ниш, Беливук и Миjковиќ ја напуштиле викенд куќата. Нашиот извор вели дека камерите во близина на куќата на хоророт забележале дека истиот ден се вратиле на местото на злосторството.

 – Камерите ги снимиле како доаѓаат со „опел астра3.Заминуваа и се враќаа во размак од пет до десет минути носејќи во рацете торби и кеси. Тоа го направија 18 пати. Се претпоставува дека делови од телото ставале во торбите и кесите и се ослободувале од него- отврива соговорник за Курир.рс и додава дека Беливук и Миjковиќ на крајот ја напуштиле куќата со БМВ 760L.

Во документите на обвинителството е откриено дека во куќата каде што го убиле „розовиот пантер“, тие му ја запалиле гардеробата, се обиделе да му стопат делови од телото со киселина и ја исчистиле куќата од крв со разни хемикалии, со цел да се уништат трагите.

Освен Беливук и Миjковиќ, според обвинителството, во ова убиство учествувале и Дејан Тешиќ, сопственикот на викендичката во Ритопек, Владо Драганиќ, како и неколку лица.

Патем, камерите во близина на викендичката на Веља го снимиле Лепоја како го доведуваат и го внесуваат во куќата, но никогаш не било забележано дека тој заминал.