Узурпирал недвижности: Во Струга изградил бетонска ограда долга 52 метри

 Узурпирал недвижности: Во Струга изградил бетонска ограда долга 52 метри

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.С.(52) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Тој, во текот на март 2021 година, на локација во државна сопственост на ул.„Туристичка“ во Струга, без соодветна дозвола изградил бетонска ограда во должина од 52 метри.

Од страна на Градежна инспекција при oпштина Струга извршен е инспекциски надзор и донесено е решение со кое на инвеститорот му се наредува да ја отстрани бесправно изградената градба.

x