Вајналдум го напушта ПСЖ по само една сезона

Вајналдум го напушта ПСЖ по само една сезона

Пари Сен Жермен е отворен за разговори за продажба или позајмица на Жорж Вајналдум по само една сезона помината во редовите на францускиот шампион.

Холанѓанецот минатото лето пристигна во Париз од Ливерпул како големо засилување, но во ниту еден момент не беше главна опција за средниот ред на Маурисио Покетино.

Одигра 38 натпревари, постигна три гола и имаше три асистенции, но започна вкупно само 18 натпревари во стартниот состав. Повеќе простор за игра добија Верати, Переира, Геј и Ерера.

Вајналдум има договор за уште две години, така што е отворена опцијата за позајмица, што можеби повеќе ќе му одговара на Вајналдум со оглед на големите приходи што ги има во Париз.

Интерес за Холанѓанецот покажаа Евертон, Лестер, Вест Хем и Волвс од Премиер лигата, но според француските медиуми некои тимови од Серија А, но и од Бундеслигата размислуваат да го доведат Холанѓанецот.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds