Вакцини против Ковид-19 и месец Рамазан – Фетаху: Вакцините не се витамински, не го „расипуваат“ постот

 Вакцини против Ковид-19 и месец Рамазан – Фетаху: Вакцините не се витамински, не го „расипуваат“ постот

Пред месецот на Рамазан, муслиманските верници се скептици дали смеат да се вакцинираат и дали имунизацијата го нарушува постот. За ТВ21 дилемите ги разјаснува поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху. Тој вели дека вакцината треба да се прими без двоумење и дека истата не го нарушува постот.

„Вакцината не е витаминска и не е хранлива, второ не продира преку грлото и желудникот, затоа без трошка сомнеж вакцината треба да се прими според барањата на надлежните институции и без трошка сомнеж дека вакцинацијата не го нарушува постот во деновите на месец Рамазан. Доколку евентуално во моментот на вакцинирање се случи некое мало влошување кое може да биде нормално, тогаш во консултација со специјалисти по медицина можете да го прекршите постот и нема никаква казна за тоа, само потоа се пости ден за ден.“, вели Фетаху.

Откако започна имунизацијата против корона вирусот во нашата земја, се вакцинирале 21.333 граѓани. Во спортската сала Борис Трајковски се одвива масовно вакцинирање, а  просториите или пунктовите за вакцинација ќе се зголемуваат со пристигнување на новите дози, изјави за ТВ21 заменик министерот за здравство Илир Хасани. По салата Борис Трајковски како пункт за вакцинација МЗ ќе гиискористи и сите други спортски сали вклучувајќи ги и салите од училиштата кои не се користат. Хасани говореше и за инцидентите при вакцинацијата.

„Во моментов масивната вакцинација се одвива добро, освен мали случаи, инциденти кои се случиле поради слабост или страв на две лица кои се вакцинирале, немаме друг случај, се се одвива во ред. Ова масовно организирање минативе денови во салата Борис Трајковски, ќе се отслика низ сите сали низ земјава, зголемувајќи ја можноста за вакцинирање. Малку е чувствително прашањето за медицинскиот персонал кој ќе работи тука, но што се однесува до просторот, средствата и организацијата, подготвени сме да се спроведат во целата земја.“, рече Хасани.

Вакцинирање се дозволува но не се знае кога ќе пристигнат другите дози вакцини преку механизмот Ковакс. Министерот за здравство Венко Филипче по средбата со директорите на ковид центрите кажа оптимистичка вест, бројот на пациенти кои се лекуваат низ инфективните болници е намален, рече тој, а освен тоа и Р факторот е паднат под 1. Вкупно  1699 заразени пациенти или суспектни на Ковид 19 се лекуваат низ инфективните клиники.

извор:TV21

>
>