Вакцинираните ако се заразат со корона имаат поблаги симптоми на COVID-19

 Вакцинираните ако се заразат со корона имаат поблаги симптоми на COVID-19
Луѓето вакцинирани против коронавирус ако се заразат имаат поблаги симптоми на COVID-19, покажа ново истражување на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC).

Студијата, која проучувала повеќе од 3.900 луѓе, покажа дека целосно вакцинираните луѓе повеќе од 90% се заштитени од инфекција. Според резултатите, дури 81% е помала веројатноста дека ќе се заразат од луѓе кои не се вакцинирани, што е доказ за ефикасноста на вакцините.

Студија спроведена на медицински персонал, оние кои први примиле вакцина, а кои седмично се тестираат од декември, покажа дека досега 5% имале позитивен тест на корона.

„Резултатите од продолжениот временски образец на оваа студија покажуваат дека mRNA COVID-19 вакцините се ефикасни и би требало да ги спречат повеќето инфекции. Дури и кога целосно вакцинираните луѓе се разболат од COVID-19 веројатно ќе имаат поблага, пократка болест и помала е веројатноста на ширење на вирусот на другите. Тоа се предностите за уште една важна причина за вакцинирање“, стои во студијата.

Оние кои се заразиле по една или две дози вакцина минале два дена помалку во кревет од невакцинираните пациенти.

>
>