Вардар 1961 убедливо против Бутел на турнирот во Струга

Вардар 1961 убедливо против Бутел на турнирот во Струга

Ракометарите на Вардар го запишаа и вториот триумф на турнирот во Струга откако со 32:20 беа подобри од Бутел Скопје.

Вардар за место во големото финале, ќе мора во последното коло да го победи тимот на Целје, кој славеше и денеска во дуелот со екипата на Алкалоид, па така Вардар и Целје во пресрет на последното коло имаат максимален број на освоени бодови.

Претходно силите ги одмерија екипите на Татран Прешов и АЕК Атина, а на победа се радуваше екипата од Словачка која што триумфираше со резултат 25:21 (16:11) против грчкиот претставник, во натпревар од групата „А“.

Претходно на првиот меч од вториот ден на турнирот Целје минимално со 29:28 славеше над РК Алкалоид.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy