• 15/08/2020
 Вардар игра за бодови кои носат потенцијал за Келн!

Вардар игра за бодови кои носат потенцијал за Келн!

loading...
Advertisement

Вардар полека привршува со првата половина од сезоната во Лигата на шампионите, но тоа значи и дека се намалува просторот за грешки и шансите ќе бидат се помалку. Една таква која не смее да се пропушти е денешниот натпревар со Кјелце (17.30) во „Јане Сандански“.

Тренерите и играчите постојаносакаат да кажат „сезоната е долга“ или „вистинското доаѓа од февруари натаму“ и тоа е голема вистина. Меѓутоа, за да се постави поволна база за важната пролет неопходни се бодови сега, а овие кои лежат во Кјелце се многу важни за Вардар.

Без разлика што загуби дома од Кил или на гости кај Веспрем (и тоа убедливо), баш овие бодови може да значат многу. Причина за тоа е Кјелце, кој е екипа со исти амбиции и со многу други сличности како Вардар, од кои најголемата е позицијата на табелата. Како изгледаат работите од оваа перспектива, многу лесно може да се случи во февруари да решаваат бод-два, можеби и гол-разлика за тоа кој ќе биде погоре на табелата, а шансите за тоа да се поправи да поминале.

Денеска се тука. За олеснување на судбината на пролет вардарци мора да одиграат најдобро досега, а тоа во прв план значи да имаат добра одбрана. Кјелце постигнува по 31 гол на натпревар досега, а Вардар прима по 31,5. Тие бројки премногу се совпаѓаат за да не ги предупредат и Едуард Кокшаров и ракометарите, а особено голманите и Дејан Периќ.

И на овој натпревар, како и со Мешков, во тимот се сите тројца и Гедбан и Кугис и Кизиќ и, веројатно, со право. Така требаше да биде дури и Горбок да можел да игра, бидејќи кога една позиција не ви оди, не е лошо да имате повеќе адути кај неа.

Ова ќе биде деветти меч меѓу Вардар и Кјелце и петти во Скопје, а досега Полјаците водат со 5-3. Од тие победи една е извојувана токму во „Јане Сандански“, во 2015 година, со тесни 20-22. За разлика сите останати, сега ќе има емоции до врв, бидејќи во Скпоје се врати Игор Карачиќ, долгогодишниот миленик на црвено-црната армија навивачи, првпат како противник.

Можеби ке те интересира