ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Турција воведува задолжителен негативен ПЦР тест

 ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Турција воведува задолжителен негативен ПЦР тест

Амбасадата на Република Турција во Северна Македонија известува дека лицата кои ќе остварат влез во Турција по воздушен сообраќај почнувајќи од 28.12.2020 (понеделник) и лицата коишто ќе остварат влез по копнен и поморски сообраќај почнувајќи од 30.12.2020 (среда) ќе мора да приложат негативен ПЦР тест за коронавирус направен во последните 72 часа пред влезот во земјата.

Од таму информираат дека лицата коишто ќе немаат негативен ПЦР тест при доаѓање во Турција нема да бидат земени во авион, а покрај ова, лицата кои што при влез од граничен премин нема да приложат негативен ПЦР тест на службените лицам ќе бидат ставени во карантин на адресите што ќе ги пријават дека престојуваат (домашна, хотел и др.).

Лицата кои ќе изјават дека немаат место за престојување ќе бидат сместени во карантин на лица одредени од страна на локалните здравствени директорати.

Имено, на 7-миот ден од карантинот ќе се направи ПЦР тест, при што на тие што резултатите од тестот ќе им бидат негативни, карантинот ќе им заврши на крајот од 7-миот ден, додека пак на оние кои ќе имаат позитивен тест лекувањето ќе им се продолжи согласно ковид-19 упатството на Министерството.

>
>