Велика Британија воведува доживотен затвор за возачите кои усмртиле некого сообраќајна несреќа

Велика Британија воведува доживотен затвор за возачите кои усмртиле некого сообраќајна несреќа

Во Велика Британија следната недела стапуваат во сила промените на законот со кои е предвидено возач кој во сообраќајна несреќа усмртил друго лице би можел да биде осуден на доживотен затвор.

Измените на Законот за полиција, криминалитет, казни и судови стапуваат во сила на 28 јуни.

Предвидено е судиите да можат да изречат доживотни казни за опасните возачи кои убиле некого во сообраќајот и возачите кои тоа го сториле под дејство на дрога и на алкохол. Максималната казна за оние кои кријат сообраќајна несреќа со смртни последици моментално е 14 години.

Зголемувањето на казните ќе се однесува на прекршоци во Англија, Шкотска и Велс, но не и во Северна Ирска, која има посебни закони за безбедност на патиштата.  (МИА)

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds