
Верижен судар на 200 возила во Канада – двајца загинати и над 90 повредени
Во реонот на градот Ла Прери вчера се случил верижен судар на околу 200 возила, соопштува канадската полиција.
Од таму истакнуваат дека две лица се загинати, додека 90 се повредени.
60 луѓе се здобиле со полесни, а 30 со посериозни повреди, соопштуваат здравствените власти
Полицијата потврди дека двајцата загинати се наоѓале во исто возило.
Министерот за транспорт на провинцијата Квебек, Франсоа Бонардел изјави дека причина за несреќата е ненадејна виулица, која предизвикала намалена видливост.
Според локалните медиуми, меѓу возилата имало десет камиони, шлепер со гориво, патнички и училишни автобуси.
На местото на инцидентот веднаш биле испратени десетици амбулантни и пожарникарски возила.