(ВИДЕО) Брутална корона рација во БиХ: Полицијата без милост ги влече гостите од кафуле

(ВИДЕО) Брутална корона рација во БиХ: Полицијата без милост ги влече гостите од кафуле

Елвис Шариќ од Ѓурѓевик кај Живница, е сопственик на кафулето „Kafe Laundž Legato“ каде што вчера вечер околу 23 часот интервенираше полиција.

Шариќ се жали на нивната реакција, а на видео-снимката се гледа како полицајците буквално ги влечат гостите од објектот.

loading…

„Моето кафуле, кое го водам со брат ми, максимално може да прими 80 гости, а вчера имаше од 20 до 25 луѓе. Околу 23 часот пристигна полициска патрола. Се занимавам и со музика и во својот локал имаме свирки во живо. На видео-снимката јасно се гледа. Гостите од кафулето на сила ги исфрлаат. Немаше потреба за тоа“, вели сопственикот.

Тој додава дека ќе пријави дел од полицајците затоа што постапувале крајно непрофесионално.извор:a1on.mk

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds