ВИДЕО: Четирикратно убиство ја потресе Хрватска

 ВИДЕО: Четирикратно убиство ја потресе Хрватска

Шибеник е под полициска опасада по повеќекратното убиство што се случи денеска јавуваат хрватските медиуми.

Засега од полицијата нема потврда на идентитетот на убиените ниту на убиецот, но медиумите во хрватска откриваат дека се работи за познат сопственик на трговскиот синџир „Дјело“ како и за стечајна упрвничка од градот. Според информации на медиумите убиецот наводно е сопственик на пропадната компанија од градот.

Првото тело било пронајдено нешто пред 13 часот. Човекот бил убиен во неговиот атомобил. Половина час подоцна се пронајдени и трите други тела. Убиецот наводно е во неговиот дом кој е опкружен од полицијата.

Полицијата блокираше пат кој според медиумите води кон куќата на сторителот. Дел од нив јавуваат дека можеби се работи за повеќе сторители.

>
>