(Видео) Четворица Срби загинаа во Германија, со „бмв“ се судриле со камион

 (Видео) Четворица Срби загинаа во Германија, со „бмв“ се судриле со камион

Четворица Срби од Алексинац загинале вчера во стравична сообраќа во Германија.

Возејќи се во автомобил „БМВ“ со голема брзина се судриле со камион на автопатот во близина на Нојтраублинг во областа Регенсбург. Сите починале на самото место на несреќата.

Според првичните информации починатите се на возраст од 27, 31, 32 и 44 години. Сите четворица се од Алексинац.

Зад воланот на камионот се наоѓал унгарски државјанин, кој бил пренесен во болница поради шокот што го претрпел.

x