ВИДЕО: Цаке со надворешно ефе и ЕВРОГОЛ го шокира Илиќ во Струга!

 ВИДЕО: Цаке со надворешно ефе и ЕВРОГОЛ го шокира Илиќ во Струга!

Струга Трим Љум, иако на стартот од натпреварот против Вардар беше во подредена улога, успеа за само две минути да даде два гола и да го шокира скопскиот тим покрај Охридското езеро. 

Откако прво во 26. минута Чарлстон си даде автогол, кој беше изнуден од Буњамин Шабани, само две подоцна, стоперот Клисман Цаке со ефектен еврогол го удвои водството на стружани. 

  • Неверојатниот гол на Цаке:

Албанскиот дефанзивец доби топка на околу 25 метри од голот и неочекувано со надворешно ефе на десната нога го изненади Филип Илиќ за 2-0 на Струга Трим Љум.извор:GOL.MK