ВИДЕО: Целата тага и ужас во една снимка – криците на мајката на мртвото 12-годишно девојче одѕвонуваа низ цела Петриња

 ВИДЕО: Целата тага и ужас во една снимка – криците на мајката на мртвото 12-годишно девојче одѕвонуваа низ цела Петриња

Трагедијата која се случи во Петриња кога силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтер го погоди градот, најдобро ја опишува снимка на која се слушаат крици на семејството на настраданото 12-годишно девојче, а во позадина се гледаат рушевините.

За време на јавување во живо од местото на несреќата, репортерка на регионалната телевизија Н1ТВ едвај се слушала од криците на мајката на девојкето, која штотуку ја дознала веста дека нејзиното дете е мртво.

Заменик директорот на болницата во Сисак, Марин Репустиќ изјавил дека има многу повредено во денешниот земјотрес и дека ситуацијата во градот е страшна.