ВИДЕО: Дете на задно седиште со отворен багажник, возачот ита 90 километри на час

ВИДЕО: Дете на задно седиште со отворен багажник, возачот ита 90 километри на час

Снимка направена на патот меѓу црногорскиот главен град Подгорица и Никшиќ, на која се гледа како дете се вози на спуштеното задно седиште од автомобил, со отворена врата од багажникот, се појави на социјалните мрежи. Опасната егзибиција на возачот, кој ита со 90 километри на час, наиде на широка осуда.

https://www.instagram.com/p/CFE4fPQjqG6/?utm_source=ig_web_copy_link
loading…

„На патот Подгорица-Никшиќ, дете од некои 10-11 години седи на некои плочи, отворен багажник и тој некогаш се држи, некогаш не… Многу неодговорно од луѓето (можеби родителите) кои го возат!!! А брзината ја гледате…“, пишува Инстаграм-страницата „Подгорички времеплов,“ која го објави видеото.

Граѓаните во Црна Гора, но и ширум Балканот, каде снимката стана вирална, коментираат дека не е потребно да се објаснува колкава е опасноста, особено при толкава брзина, кога најмало кочење или скршнување може да го исфрли детето на асфалтот, меѓу забрзаните автомобили.

Корисниците на социјалните мрежи бараат казна за неодговорниот возач на „Голф 5-ка“ со подгорички регистарски таблички. Случајот е пријавен во сообраќајната полиција, но засега нема информации за исходот.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds