ВИДЕО: Џафери бара карантин за Собранието

 ВИДЕО: Џафери бара карантин за Собранието

Претседателот на собранието, Талат Џафери, констатираше дека Собранието е забарикадирано и како што рече, условено во одлуките, ја прекина седницата и побара карантин за Собранието, бидејќи имало како што рече инфицирани пратеници.

„Почитувани граѓани, очигледно забарикадирано во одлуките, Собранието е условено за начинот на работа, а очигледно вака ако одат бројките со инфекцијата, утре имаме претседателство на Собранието, веројатно ќе биде тема, една од точките и прашањето за карантин за Собранието па не се смеј.. што се смејш, што да правиме, мора да објавиме карантин за Собранието, а има инфекции,овде ја прекинувам работата, за продолжување на седниците, дополнително ќе бидете известени“, рече Џафери и ја затвори седницата.

>
>