ВИДЕО Драма на аеродром: Авион се преполови при слетување

ВИДЕО Драма на аеродром: Авион се преполови при слетување

Поради привременото слетување членовите на екипажот се потресени, но при свест.

Товарниот авион се преполовил при принудното слетување во Костарика во четврток, во несреќа која предизвикала привремено затворање на меѓународниот аеродром во Сан Хозе.

Чад излегувал од жолтиот авион на германскиот логистички гигант “DHL” кој застанал, излетал од пистата, се превртел и се преполовил.

„Двајцата членови на екипажот се во добра состојба“, рекол шефот на костариканската противпожарна служба Хектор Чавес, пишува “DigitalJournal”.

Без разлика на тоа, двајцата Гватемалци биле пратени во болница на лекарски преглед, вели Гвидо Васкез, работник во Црвен крст.

Пилотот бил потресен, но членовите на екипажот биле при свест и се сеќаваат на се, додал Васкез.

Несреќата се случила нешто пред 10:30 часот откако авионот “Boeing-757”, кој полетал од меѓународниот аеродром Хуан Сантамарија во близина на Сан Хозе, бил принуден да се врати 25 минути подоцна поради принудно слетување поради механички дефект.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds