ВИДЕО Драма на скалите на „Ер форс еден“: Бајден падна, и тоа три пати

 ВИДЕО Драма на скалите на „Ер форс еден“: Бајден падна, и тоа три пати

Американскиот претседател Џо Бајден падна додека се искачуваше на скалите кон претседателскиот авион.

Претседателот Бајден се сопна неколку пати додека трчаше по скалите на „Ер форс еден“ во петокот, што може да се види на новото видео.

78-годишниот врховен командант се сопна двапати пред да падне по трет пат, како што трчаше по скалите на леталото во мирување.

Откако се опорави, Бајден ги поздрави собраните на врвот на скалите пред да влезе во кабината и да се упати кон Џорџија.

Оваа несреќа се случи само неколку недели откако Бајден ја повреди ногата додека си играше со своето куче, поради што мора да носи ортопедска чизма.

Како претпазливост, ногата на Бајден ќе мора да се снима уште еднаш од страв дека неговата состојба нема да се влоши со овие падови.

x