ВИДЕО: Драма во болница во Британија – влегол за да го изнесе својот пријател заразен со корона, не верувал дека вирусот постои

 ВИДЕО: Драма во болница во Британија – влегол за да го изнесе својот пријател заразен со корона, не верувал дека вирусот постои

Вработените во една болница во Обединетото Кралство биле во шок затоа што еден маж се обидел да извади заразен со коронавирус од таа установа и да го однесе дома. Сетоа тоа се одиграло, затоа што споменатиот маж не верувал дека пандемијата постои.

На снимката која стана вирална се гледаат медицинските работници во Редхил кои очајнички се обидуваат да ја смират ситуацијата. Мажот ги снима и инсистира пациентот, кој е негов пријател, да биде пуштен дома иако е очигледно дека заразениот не се чувствува добро.

Како што поминувало времето така тензите биле се поголеми. Мажот кој упаднал во болницата инсистирал дека нема докази дека постои коронавирусот и тврди дека докторите лажат.

Како што тврдат светските медиуми, тој тврдел дека е пријател на пациентот и барал човекот да биде тргнат од кислород.

Во еден момент, докторот покажал со прст кон мониторот и кажал дека нивото на кислород кај пациентот е 73 отсто и дека е во ризик да почине во секој момент.

На целата оваа ситуација морало да реагира и обезбедувањето на болницата, а две лица биле казнети поради неовласатено упаѓање во болницата, пренесуваатр британските медиуми.