(Видео) Државен пречек и испраќање на починатите во автобуската несреќа

(Видео) Државен пречек и испраќање на починатите во автобуската несреќа

Владата објави видео линк преку кој граѓаните ќе може да го следат државниот пречек и испраќањето на починатите во автобуската несреќа во Република Бугарија.

Предвиено е церемонијата околу транспортот на телата на Скопскиот аеродром да почне во 10.55 часот.

Ќе присуствуваат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска, Благој Бочварски, пратеници и поглаварот на Исламската верска заедница.

Најавено е присуство и на странски делегации.

Сообраќајната несреќа се случи на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник во Бугарија кога автобусот на „Беса транс“ – Скопје се враќал од Истанбул. Загинаа 45 граѓани, а седум беа повредени.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds