(Видео) Двајца загинаа, а четворица се повредени во пукање во трговски центар во САД

(Видео) Двајца загинаа, а четворица се повредени во пукање во трговски центар во САД

Две лица загинаа, а четворица, од кои еден полицаец, се повредени во пукотница во трговски центар во градот Бојси, во Ајдахо, соопшти полицијата. Осомничениот за престрелката е уапсен.

На прес-конференцијата беше соопштено дека дошло до размена на оган меѓу полицијата и осомничениот, а истрагата е во тек.

Началникот на полицијата во Бојси, Рајан Ли, изјави дека пукањето било пријавено во 13 часот и 50 минути.

„Во овој момент не можеме да зборуваме за мотивот, бидејќи тоа би било прерано. Не можам доволно да опишам колку овој настан е трауматичен за пошироката заедница, како и за оние кои биле очевидци, семејства или биле сами во трговскиот центар во моментот на нападот“, изјави началникот на полицијата.

Чери Гипин била во трговскиот центар со пријателка. Таа вели дека слушнала звук и мислела дека нешто паднало од таванот, а потоа шеесетина луѓе, меѓу кои и семејства со мали деца во колички, почнале да трчаат кон нив, викајќи дека некој пука. Тие истрчале, а полицијата на оние кои избегале од трговскиот центар им наредила да се оддалечат од паркингот.

Градоначалничката на Бојс, Лорен Меклејн, побара од медиумите и јавноста да им овозможат приватност на жртвите и нивните семејства по трауматичното пукање и се заблагодари на полицијата за нивната работа во заштитата на граѓаните.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds